Заев се фали на Фејсбук дека ни пораснала просечната плата за 2.608 денари

336

Продолжува растот на просечната плата. Во април годинава таа изнесувала 28.438 денари, што е зголемување од 10,1 отсто или за 2.608 денари во споредба со април 2020, кога била 25.830 денари, објави денеска премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.

„Согласно податоците од Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (28,6%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (24,0%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,7%).Платите, ќе растат и понатаму, бидејќи се грижиме за сите граѓани подеднакво!“, напиша Заев.

Поврзани содржини