Се формира Македонско-швајцарска стопанска комора

Вицепремиерот Фатмир Битиќи смета дека Стопанската комора, која ќе има оперативини канцеларии во двете земји,  ќе претставува нов мост кој ќе ги зацрвсти и продлабочи економските реалации помеѓу двете земји.

321

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска при посетата на Швајцарија посредуваше за воспоставување на Македонско-швајцарска стопанска комора, со која ќе се придонесе за интензивирање на економската соработка помеѓу земјава и Швајцарската Конфедерација. Истовремено се  презентирани и можностите и поволностите за инвестирање во нашата земја пред повеќе швајцарски компании.

– Со воспоставување на стопанската комора, економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Швајцарија ќе се развива со поголем интензитет, а со тоа и ќе се создадат многу нови можности за идни соработки и реализации. Првпат во историјата на нашите билатерални односи, се конкретизираат нашите заложби и напори за поголема економска соработка преку воспоставување билатерални односи. Стопанската комора, која ќе има оперативини канцеларии во двете земји,  ќе претставува нов мост кој ќе ги зацрвсти и продлабочи економските реалации помеѓу двете земји – рече Битиќи.






Како што соопшти кабинетот на вицепремиерот на средбите со претставници на швајцарските компании,  Битиќи ги презентираше поволностите и можностите за инвестирање кои се нудат преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции и Законот за стратешки инвестиции, при што, од страна на претставниците на швајцарските компании, е искажан првичен интерес за инвестирање во нашата земја.

Поврзани содржини