Се шпекулираше дека ќе се разведуваат, а Шехерезад сега го откри полот на третото дете (ФОТО)

1,374

Турската актерска двојка Бергузар Корел и Халит Ергенч, во Македонија најпознати по улогите Шехерезад и Онур од серијата „1001 ноќ“, го очекуваат своето трето дете, а актерката сега го открила и полот – ќе добијат девојче.

Само една година по пристигнувањето на вториот син, еден од најпопуларните турски парови, 50-годишниот Халит и неговата 12-години помлада сопруга Бергузар објавија дека очекуваат трето дете.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

Веста дека е бремена, ја затекна актерката среде снимање на серијата, прва во која глумеше по тригодишна пауза.

Бергузар и Халит веќе ги имаат синовите Али и Хан, а сега е објавено дека очекуваат девојче.

„Бременоста е и страшна и прекрасна. Постојат некои работи кои се полесни отколку во претходните бремености затоа што знаете што ве чека, но во други е многу потешко. Да речеме дека сега се здебелив 16 килограми, додека во првата бременост добив девет или десет килограми. Но, тоа се слатки грижи“, рекла убавата турска актерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини