Манекенката се обидува да се спаси: Повторно ѝ се извини на колешката откако ѝ порача да умре

399

Американската манекенка Криси Тајген, инаку сопруга на пејачот Џон Леџенд, уште еднаш, овој пат со подолг напис, се извини за непристојните понижувачки и малтретирачки објави на Твитер, упатени кон својата колешка Кортни Стоден.

Меѓутоа, и покрај нејзиното извинување, во меѓувреме, испливуваат нови докази за тоа како Криси ги малтретирала луѓето, ги навредувала, им правела булинг, а одела толку далеку, што им велела дека треба да умрат, односно да се самоубијат.






Новото извинување на манекенката упатено до Кортни гласи:

„Ова беа МНОГУ понижувачки неколку недели. Знам дека бев тивка, а и Господ знае дека и вие не сакавте да чуете за мене, но сакам да знаете дека јас седев ’в дупка‘ поради заслужената ’глобална казна‘, на последната ‘магарешка клупа’ – размислувајќи за тоа што го сторив. Ниту еден ден, ниту еден миг не мина, а да не ја чувствувам огромнава тежина на жалење за работите што ги кажав претходно“, пишува Тајген на својата блог-објава.

Стоден за „Дејли бист“ минатиот месец откри како пред 10-на години Тајген ја исмевала кога како тинејџерка, првава се омажи за глумецот Даг Хачинсон, кој е 34 години повозрасен од неа. Кортни тогаш тврдеше дека Криси „на лични пораки ѝ пишувала да се убие“. Тајген се извини, но професионалните последици беа неизбежни.

Криси во новиот напис вели дека токму сега трае поединечното извинување и до други луѓе кои ги навредувала на социјалните мрежи, иако „за тоа нема никакво оправдување“, како што вели.

„Не барам прошка, туку само трпеливост и толеранција. Барам да ми дозволите, како што ветувам дека и јас ќе дозволам, да имаме грешки во минатото и да ми се даде можност да барам самоподобрување и промена“, вели Криси на крајот.

Криси упатувала грозоморни пораки и до актерката и пејачка Линдзи Логан, дизајнерот Мајкл Костело и многу други.

Поврзани содржини