Шеќеринска: Проблемот со Бугарија не се решава со трескање по масата, туку со завршување на домашната задача
„Прво ние треба да бидеме најзаинтерсирани за решение, а второ, мора да бараме дополнителен ангажман и од страна на европските партнери“, оцени Радмила Шеќеринска по самитот на НАТО, кој го оцени како „историски“ за Македонија.
„Ние овој проблем и со поддршка на НАТО и со поддршка на членките на ЕУ мора да го решаваме. Тоа не значи дека треба да бидеме наивни и да мислиме дека некој друг ќе дојде со пакетчето и ќе каже – ова е решението“.
Ова го изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, по самитот на НАТО, за кој оцени дека е „историски“ за Македонија, каде што станало збор и за проблемот меѓу Македонија и Бугарија,
– Прво ние треба да бидеме најзаинтерсирани за решение, а второ, мора да бараме дополнителен ангажман и од страна на европските партнери. За нас е многу важна поддршката на Франција, која ќе биде малку посуштинска да си ја одработиме и дополнително, не да зависиме од тоа дали францускиот претседател ќе има резерви околу проширувањето на ЕУ, околу нас или околу Албанија. Земјава мора да ја заврши и својата домашна задача – рече Шекеринска.
За да побарате помош не треба да треснете на масата, вели таа и додава:
– Доволно е да ги кажете своите аргументи. На Самитот беше спомнато и многу отворено дека целта на НАТО не е само пасивизирање на регионот, туку и шанса за негов напредок. Самитот изобилуваше и со коментари колку НАТО и ЕУ треба заеднички да работат.