Од 3.000 до 10.000 евра помош за превозници на меѓународни линии
Ова е дел од помошта предвидена од петтиот сет на економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на ковид–19.
Финансиска поддршка од 3.000 до 10.000 евра ќе добијат транспортните компании регистрирани во регистарот на Министерството за транспорт и врски кои поседуваат лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патниц, одлучи Владата.
Ова е дел од помошта предвидена од петтиот сет на економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на ковид–19.
Со мерката 7 е предвидена финансиска поддршка на компаниите кои вршат меѓународен превоз на патници кои се запишани во регистарот на превозници што се води во Министерството за транспорт и врски, а кои вршат меѓународен линиски превоз на патници. Врз основа на анализата на горенаведените податоци, предлог пресметката опфаќа 50 компании со вкупен број на вработени 951 (со различен број на часови на кои се осигурени). Во предлог пресметката предвидено е да бидат исплатени 13.653.750,00 денари за исплата на компаниите.
Со Мерката 8 – Финансиска поддршка за превоз на патници во патниот сообраќај, е предвидена скалеста поддршка на транспортните компании регистрирани во регистарот на Министерството за транспорт и врски кои поседуваат лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, при што минималниот износ ќе изнесува 3.000 евра, а максималниот износ на поддршка ќе изнесува 10.000 евра.