Фатиме Фетаи меѓу навивачите на македонската фудбалска репрезентација во Букурешт
Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 18 часот во Букурешт ќе игра со Австрија, и тоа ќе биде историски прв натпревар на едно Европско првенство.
Вечерашниот настап на македонската фудбалска репрезентација од трибините на стадионот во Букурешт ќе го следат околу 2.000 навивачи. Тие утрото со авион отпатуваа за Букурешт.
Меѓу навивачките беше и некогашната обвинителка на Специјалното јавно обвинителство, а сега дел од Вишото обвинителство Фатиме Фетаи.
– Го сакам фудбалот и навивам за Милан. Речиси не пропуштам натпревар на италијанскиот фудбалски тим на телевизија. Но чувството е посебно кога си на трибини и навиваш за својата држава – изјави Фетаи.
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Букурешт ќе игра со Австрија.