Медицинска сестра тврди дека по вакцината станала магнет, цел свет ја исмејува ВИДЕО

2,847

Многу Тиктокери во последните неколку дена објавија видеа во кои тврдат дека вакцината против ковид-19 ги „магнетизирала“.

Медицинската сестра Џоана Оверхолт од Охајо е една од нив. Таа своето тврдење го изнела дури и пред Министерството за здравство, а се обидела да го докаже истото прилепувајќи клуч и шнола на вратот.






– Дали можете да го објасните ова? – ги прашала Џоана присутните среде очигледно пропадната демонстрација.


Ниту еден од тие предмети на неа не се задржал и веднаш паднале, но кога клучот повторно го прилепила на градите, тој кратко се задржал. Тоа се случило бидејќи човечкото тело лачи себум и пот, па затоа кожата е леплива и предметите можат накратко да се залепат за неа, пишува „Базфид“.

Важно е притоа да се нагласи дека повеќето клучеви денес не е можно да се привлечат со магнет, бидејќи главно се изработени од алуминиум.

Во одбрана на Оверхолт застанала и познатата антиваксерка Шери Тенпени, тврдејќи дека „веќе долго време се сомнева дека постои некоја досега неутврдена врска помеѓу вакцините и мрежните 5Г трансмитери“.

Меѓутоа, екипата на Твитер не дозволила нивните тврдења да останат незабележани и се шегуваат со нив веќе со денови.


„Дами и господа, ова е молив изработен од дрво, но ако опуштено го држам помеѓу прстите и го мрдам горе-долу, изгледа како да е од гума. Можете ли да ми го објасните тоа?“.

„Сето ова е забавно додека не сфатиш дека вакцините можат да магнетизираат алуминиум“.

„Неверојатно е што оваа жена во еден момент од животот била доволно паметна да заврши тешко школување за медицинска сестра“.

„Д-р Фаучи, можете ли да ми објасните зошто имам магнетски својства по вакцината?“.

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини