Ученици и ставиле на професорка дезифициенс во шише, таа го испила
Разговараме со учениците и со родителите. Кога ќе се најде виновникот ќе му изречеме најстрога казна. За среќа, професорката е добра и веќе утре се враќа на работа, изјавила директорката на училиштето Бакмаз.
Професорка од задарската Школа за применета уметност и дизајн завршила во Итна помош откако некој од учениците во пијалокот и ставил средство за дезинфекција, пренесува хрватски Индех.
Ученик наводно ставил дезифициенс во нејзиното шише со вода и професорката откако ја испила содржината морала да побара лекарска помош.
По интервенцијата во Општата болница во Задар, таа е пуштена на домашно лекување.
– Полицијата има сознанија за наведениот случај и спроведува истрага за да се утврдат сите релевантни околности за натамошна обработка – вели портпаролката на задарската полиција Ивана Грбин.
Труењето на професорката го потврдила директорката на училиштето Маријана Бакмаз.
– Разговараме со учениците и со родителите. Кога ќе се најде виновникот ќе му изречеме најстрога казна. За среќа, професорката е добра и веќе утре се враќа на работа – изјавила Бакмаз.