Човекот што му „залепи“ шлаканица на Макрон сакал да биде Дон Кихот – се облекувал како витез, мавтал со меч, играл воени игри (ФОТО)

Човекот е малку изгубен, малку чуден и малку гејмер - соопштиле детективите.

1,478

Долгокосиот Дамиен Тарел, кој му удри шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон имал пасија да се облекува како витез, да ја препрочитува книгата „Мојата борба“ од Адолф Хитлер и да игра воени игри, соопшти француската полиција.

Како што објавија медиумите, Тарел има 28 години, живеел со својата мајка, а при претресот во неговиот дом, полицијата пронашла оружје, советско знаме копија од манифестот на Хитлер и јапонски стрипови.






Веднаш по инцидентот, полицијата истакна дека Тарел е анархист, но детективите кои работеа на случајот сега го сметаат за „идеолошко папство“.

– Човекот е малку изгубен, малку чуден и малку гејмер – соопштиле детективите.

Доколку го отворите Инстаграм профилот на Тарел, тогаш ќе забележите фотографии на кои тој е облечен во витешки оклоп и замавнува со меч, позира на бали со сено и носи јапонска кандо кацига.

Извор за весникот „Паризен“ изјавил дека Тарел живеел во паралелен свет со коспули, симулации и средновековни битки.

Поврзани содржини