Бектеши: Стари се фотографиите објавени во јавноста, не се од сегашната анализа
Министерот рече дека до сега немале случај каде што неакредитирани службеници земале примероци на мазут за анализа на неговиот квалитет.
Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција рече дека фотографии од земени мостри за анализа на мазут во Макпетрол и од странска компанија се стари.
– Веќе проверивме заедно со вицепремиерот Николовски во соработка со Царинската управа, тие се стари фотографии кои се направени од страна на одредената компанија. Значи тоа не се примероците кои се појавија во јавноста за петте вратени цистерни во периодов од кога се прават контроли. Што се однесува до анализите секако ќе бидат земени во предвид, но треба да се знае дека мобилната лабораторија кој е во споственост на државата и акредитираните лаборатории во нашата држава нивните резултати се акредитирани и конечни, а во делот на супер анализата нека ни ги достават компаниите, а надлежните институции ќе ги земат во предвид – додаде Бектеши.
Министерот рече дека до сега немале случај каде што неакредитирани службеници земале примероци на мазут за анализа на неговиот квалитет.
– Сите кои работат се акредитирани и обучени за да земаат примерок за квалитетот на нафтените деривати. Досега немаме такви сознанија за вакви случаи. Можеби компаните сами ги зеле – вели Бектеши.