Овие фотографии се фотнати во НУБ, Скопје. Глетките подолу се вистинскиот лик на едно општество кое пресудило за својата евтаназија на демократски начин. Се е штавено, и тоа до смрт, место каде што не живее минатото, а иднината е сосема фиктивна и невозможна. Не можам да верувам дека покрај овие глетки, високите владини претставници зборуваат за „европска иднина“. Ја имате ли видено Европа? Дали изгледа вака? Зборувам за еден објект кој би требало да биде највисока симболична стратификација на знаењето и претставувањето, а сведено е во ужасна состојба, руина.
Нашата иднина е руина. Се чудам од медиумите кои се потонати во нивните удобни зони и апатии, а ни малку не допира суровата реалност надвор од камерите и студиите.
Зачуден од молкот на цивилните друштва кои се колонизирани од „платениот волонтеризам“ а продорноста е единствената реалност на неколкуте илјадници евра кои ги заработуваат на мистичен начин. Изиритиран сум од студентските организации, кои не беа достоинствени да организираат макар на симболичен начин еден протест во врска со уништувачкиот нарав на ова општество и повикот да се разбудат овие заспани души.
Сакани министри и пратеници, ве молам, дали вашите деца учат во овие услови во вашите домови? Дали ви е недоволна злоупотребата на јавното во корист на личното? Доста веќе!
Што е многу, многу е! Сите институции кои еманципираат; музеите, библиотеките, училиштата, галериите и киносалите, еманираат смрт.
Ве молам, за каква дигитализација на книги зборувате, за какви европски вредности станува збор?
Убиваме еден целосен дух со демократска евтаназија. Се срамам од вашата бесрамност. Ако ви останало малку достоинство, а се уште негувате дел од сонот за оваа земја и идните генерации, итно да преземете мерки во овие институции каде се насетуваат последните интелектуални извици на нашето граѓанско и национално достоинство. Доста беше!
(статус на Фејсбук на Љатиф Мустафа)