Турција ќе ни донира 30.000 вакцини „Синовак”

437

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва на својот профил на Фејсбук соопшти дека Турција ќе ни донира 30.000 вакцини „Синовак”.

Објавата на Филипче следува по заедничката работна вечера во Истанбул со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.






„Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган ни соопшти дека ни донираат 30.000 вакцини од производителот „Синовак“. Овој гест на солидарност е уште еден показател за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји. Голема благодарност до турскиот народ и претседателот Ердоган“, напиша Филипче.

Поврзани содржини