На официјалната Фејсбук страница, Кока-Кола Македонија објави дека преку лажна страница се спроведува наводна наградна игра и дека компанијата не спроведува такво нешто.
– Во моментов ние не спроведуваме никакво онлајн истражување – се вели во објавата.
Линк со учество за наградна игра денеска цел ден се споделува на социјалните мрежи и уште е активен, иако компанијата соопшти дека оваа страница е лажна.
„Денес, 2 Јуни, 2021, Вие сте многу среќни што сте избрани за нашето истражување. За само една минута, ќе добиете прекрасна награда! Подготвивме неколку награди за оние кои учествуваат во истражувањето. Вие само имате 4 минути и 20 секунди, да одговорат на оваа анкета! Побрзајте, бројот на достапни награди е ограничен!“, се вели во пораката на која потоа се бара од читателите да одговорат неколку прашања.