Заев: Кризен данок не ни треба

Тој рече дека се анализираат другите даноци, но не се размислува за зголемување на стапките.

260

Премиерот Зоран Заев денеска уверуваше дека владата не размислува да воведе кризен данок или сличен нов данок, но се анализираат другите даноци.

– Кризен данок не ни треба сега. Не размислуваме за воведување на нови даноци. Пораката е дека ќе обезбедиме стабилни даноци и ништо нема да правиме изненадувачки што и да се случува во државата, сме го ветиле тоа пред граѓаните и коморите. Целта е државата да ги собира своите приходи преку борба со сивата економија и верувам дека ќе бидеме успешна приказна во позитивниот натпревар во регинот – изјави  Заев по отворањето на првиот стартап самит во земјава.






Премиерот рече дека државната каса е во добра кондиција и собирањето на даноците е добро. Тој додаде дека  се анализираат другите даноци, но не се размислува за зголемување на стапките. Најави намалување на персоналниот данок за ИТ индустријата и сме за правично оданочување од 2023 година.

Заев посебно ги издвои измените на данокот на имот кои предвидуваат повисоки стапки за оние кои имаат поголем имот.

 

Поврзани содржини