Мицкоски: Заев не може да се договори со коалиционите партнери за една изборна единица, а камо ли со нас
Мицкоски истакна дека со ВМРО-ДПМНЕ таква точка сѐ уште не дошла на дневен ред за разговори и преговори.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оцени дека премиерот Зоран Заев не може да се договори со своите коалициони партнери по прашањето за една изборна единица, а камо ли со опозицијата.
– Заев не може сам да се договори со своите коалициони партнери по прашањето за една изборна единица, а камо ли со опозицијата – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета во Штип.
Мицкоски истакна дека со ВМРО-ДПМНЕ таква точка сѐ уште не дошла на дневен ред за разговори и преговори.
– Ако има став на владата кој е спротивен на барањето на неговите коалициони партнери, повеќе би кажал дека тој со неговите коалициони партнери не може да се договори, а камо ли со опозицијата – потенцираше Мицкоски.