Замислете да си го гледате детето 12 часа месечно, односно, 8 пати по 1,5 час – под надзор
Најмалку се важни имињата на главните протагонисти во нашата најнова ‘брако-разводна приказна’, па затоа нема да ги споменуваме. Она што нас не засега се децата. И детето од оваа, и децата од сите други приказни во кои тие, сакале или не, се во центарот на дејствието, никогаш победници, туку само инструменти во рацете на нивните сакани родители кои од љубовници станале крволочни противници и сега, наместо во љубов, живеат во безмилосна војна за пленот.
Дали сте слушнале за терминот ко-родителство? Овој термин настанал во Италија на почетокот на 2000. година за да ја означи новата врска помеѓу родителите и децата по разводот. Иако изгледа невозможно, барем во онаа првична фаза после разводот на родителите, таканареченото ко-родителство може да успее. Не е лесно, но ако работите ги погледнете од аголот што е најдобар за детето, нема шанси да не успеете. Има вакви примери, кај нас многу малку, но ширум светот сѐ повеќе и повеќе.
Секако, ако ова им го кажете на двајца кои тукушто се разделиле и нивниот брак сѐ уште не е официјално разведен, а не можат да се договорат околу заедничката грижа за децата, сигурно ќе ви кажат да си ја гледате работата бидејќи не знаете ништо за нивниот поранешен партнер/ка, кој е ужасна личност. И не е важно што никој не ги терал сосила да ја изберат токму таа личност за мајка или татко на своето дете, важно е тоа дека сега тие мора да го спасат своето дете од нивниот втор родител, ако не сака, да го натераат да плаќа алиментација и по можност, никогаш повеќе да не го видат.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Freepik