Наставник ѝ порача на Царовска: Ароганцијата ве заслепува ВИДЕО

Наставникот од Кочани ја пресретна министерката за време на нејзината посета на Кочани и се обиде да и подари учебник од 2005 година но таа одби да го прими лично.

4,129

Министерката Мила Царовска денеска одби да прими како подарок учебник од 2005 година кој што се обиде да и го даде Игор Здравковски, учител во основното училиште „Никола Карев“ во Кочани.

Наставникот ја пресретна министерката за време на нејзината посета на Кочани и се обиде да и подари учебник од 2005 година но таа одби да го прими лично.






Наставникот ја праша дали Царовска е свесна дека со нејзината реформа прави дискриминација затоа што во неговиот клас има 4 ученици кои немаат услови да ја следат наставата, на што таа рече дека некои деца сега имаат и лаптоп и компјутер и телефон и учебници и дека тоа е поголема дискриминација.

„Мила Царовска очигледно Вашата ароганција Ве заслепува и дури сакате да наметнете мислење дека сега има дискриминација со нелогични примери.

-Дали значи дека е дискриминација тоа што Вашето дете има дрон со камера (за печалба) а моето нема?

Дали е дискриминација тоа што Вашето дете има MacBook а моето нема?

Дали е дискриминација тоа што моето дете им Playstation а Вашето не?

Не! Тоа не е дискриминација, тоа се различни можности на родителите, и различен начин на задоволување на потребите и желбите на децата, но никако не станува збор за дискриминација!

Дали јас сакам да му овозможам на моето дете/Вие на Вашето било што зависи од мене/Вас и моите/Вашите можности, но никако не смеете да кажете дека е дискриминација.

Дискриминација е да им овозможите на едни едно а на други не, а притоа сте обврзани со Уставот на Република Македонија на сите да им овозможите исти услови и еднакво општество за сите“, и порача Здравковски на Царовска.

Поврзани содржини