Тотенхем и Арсенал во „битка“ за Сари
Евентуалното преземање на еден од двата лондонски прволигаши би значело враќање на Сари во англискиот фудбал, како поранешен тренер на Челзи (2018-2019).
Италијанскиот фудбалски стратег Маурицио Сари нестрпливо го очекува своето тренерско враќање и преговара за ангажман со англиските прволигаши од северен Лондон, Арсенал и Тотенхем.
Италијанските медиуми наведуваат денеска дека Тотенхем прв стапил во контакт со Сари веднаш по отпуштањето на Жозе Мурињо во април, а во преговори со искусниот тренер сега е вклучен и Арсенал по најавите за можно заминување на Микел Артета од клупата на крајот од сезоната.
Сари во јуни 2019 година потпиша тригодишен договор со Јувентус, но иако го освои италијанското првенство доби отказ поради елиминацијата од Лигата на шампиони во осминафиналето.
Сари одби спогодбен раскин на соработката со Јувентус и е под договор до лето 2022 година за шест милиони евра годишна плата, но може предвреме да добие одврзани раце да преземе нов клуб доколку „старата дама“ му исплати отштета од 2.5 милиони евра.
Евентуалното преземање на еден од двата лондонски прволигаши би значело враќање на Сари во англискиот фудбал, како поранешен тренер на Челзи (2018-2019).