Законот за финансиска поддршка на инвестиции подготвен за разгледување од пратениците

Со законот се овозможува директна поддршка како грант од 20 проценти за сите компании што ќе инвестираат оваа и наредната година.

353

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека следната недела во Собранието ќе биде доставено законско решение за финансиска поддршка на инвестиции, со кое што ќе се овозможи директна поддршка како грант од 20 проценти за сите компании што ќе инвестираат оваа и наредната година.

– Со законот дополнително согласно регионалниот рамномерен развој ќе бидат поддржани компаниите, а средства ќе добие  и полошкиот регион а сите компании што ќе инвестираат оваа и наредната година и среднорочно ќе добијат директна поддршка од 20 проценти во форма на грант – изјави Бектеши.






Според Бектеши лани компании од гостиварскиот регион  добиле 30 милиони евра како директна поддршка од Министерството за економија.

За наредниот месец најави две нови инвестиции во овој регион, едната во фабрика за производство на флаширана вода во Чегране, а другата во преработувачката индустрија со над 300 вработувања.

 

Поврзани содржини