Јанушев: Протестот за уставобранителите, беше и протест за огромното незадоволство од власта на Заев

215

Сите протести од овој вид секогаш биле мирни и достоинствени, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на гостување на Инфомакс.мк, коментирајќи ги протестите за правда за уставобранителите.

Јанушев се осврна и на кривичната пријава за Тодор Петров од Светскиот македонски протест.






– Тоа е само сеење на страв меѓу граѓаните, да им биде страв да остануваат дома, да коментираат негативно за власта. Но не верувам дека ова може да им помогне. Луѓето се свесни што се случува и каде не води владата на Заев, единствено сака да сее страв – рече Јанушев.

Но, рече тој, народот веќе не може да се замолчува.

– Протестираат сите и секој ден. Протестираат угостители, земјоделци, се најавуваат протести против идејата на Царовска за укинување на учебниците и воведување на електронски – кажа Јанушев.

Според него протестот беше убав настан, на кој имаше граѓани од сите етнички заедници.

– Ова не беше само протест за луѓето осудени во монтиран процес, туку луѓето иалегоа да го кажат незадоволството од оваа власт. Не се сеќавам кога имало толку млади луѓе на еден протест – кажа Јанушев.

Според него лицата кои се затворени не се терористи.

– Јас никогаш не би бранел никого за било какво дело. Но, тие луѓе не се терористи – рече Јанушев.

Поврзани содржини