ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги разрешуваше сите оние кои не му одеа по ќеифот

Додека Спасовски, Рашковски, Дончев, Димова и уште голем број функционери беа вмешани во тешки криминали, не одговараа за тоа и при тоа продолжуваат да споменуваат демократија и спречување на корупција во државата, Димитриевски и Пауновски ќе бидат колатерална штета.

883

Секој кој малку ќе му се спротивстави или нема да се согласи со неговите ставови, се наградува со разрешување од функција или пак елиминација при партиските конкурси. Ова е начинот на кој Зоран Заев ја демонстрира демократијата во Република Македонија, но и во партијата каде тој се уште е самопрогласен претседател, смета ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните сведочеа на дузина случки каде што Заев ги разрешуваше сите оние кои не му одеа по ќеифот, а деновиве актуелна беше темата со разрешувањето на Стојко Пауновски од директорската позиција на Државниот пазарен инспекторат. Денес повторно слична случка овојпат поврзана со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој бил елиминиран од врвот на партијата за кандидирање на член на новиот Централен одбор на СДСМ. Ова е доказ дека секој кој малку ќе му го наруши комодитетот на Заев, треба во најбрзо време да очекува санкција или разрешување, односно одмазда – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Според партијата, додека Спасовски, Рашковски, Дончев, Димова и уште голем број функционери беа вмешани во тешки криминали, не одговараа за тоа и при тоа продолжуваат да споменуваат демократија и спречување на корупција во државата, Димитриевски и Пауновски ќе бидат колатерална штета. Дали овие случаи се показатели за тоа дека Заев ги штити криминалците, а чесните ги пушта низ вода?!

Поврзани содржини