Во пожар во ковид-болница во Багдад загинаа 82 пациенти

188

Во пожарот кој зафати ковид-болница во Багдад загинаа 82 лица, а 110 се повредени, соопшти ирачкото Министерство за внатрешни работи.

Пожарот го зафатил одделот за интензивна нега во болницата во Багдад, кој се користел за лекување на пациенти со ковид. Небрежноста е причина за пожарот што избувна во болницата Ибн ал-Хатиб во раните утрински часови на 25 април, а извештаите укажуваат на тоа дека експлодирала боца со кислород.






„Истрагите се во тек“, изјави шефот за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи, Саад Маан, за државната новинска агенција ИНА.

„Се водат технички и кривични истраги за да се утврдат околностите на инцидентот“, рече тој.

Поврзани содржини