Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на Фејсбук објави дека од компликации со коронавирусот почина лекарот д-р Сенат Грбовиќ кој до лани работел како лекар во Брза помош во Здравствениот дом Скопје, а од јануари годинава бил ангажиран во приватна здравствена установа.
„Уште една загуба на лекар во оваа пандемија. Сочувство до фамилијата на др. Сенат“, напишаа на објавата неговите колеги.