Договорени деталите од Законот за државјанство, но сѐ уште не се соопштуваат

Премиерот Зоран Заев и лидерите на Алијанса и Алтернатива, сепак договориле текстот прво да биде ставен на хратија.

193

Премиерот Зоран Заев и лидерите на албанските опозициски партии Алијанса за Албанците и Алтернатива  постигнале договор околу законот за државјанство, но до утврдување на текстот нема да се информира за деталите.

Премиерот изјави дека со лидерите на опозициските Алијанса и Алтернатива договориле додека тестот не  биде ставен на хартија нема да откриваат детали.






– Веруваме дека постигнавме договор. Од аспект на внимателност не кажуваме за деталите. Договоривме да споделиме со вас дека веруваме оти има договор. Тоа е вистинската формулација. Конечно ќе ја утврдиме кога ќе ја видиме ставена на хартија преку сите правни аспекти – рече Заев.

Поврзани содржини