Досега невидени семејни фотографии од принцот Филип, вниманието го привлече фотографијата на Кејт ФОТО
Членовите на кралското семејство се присетиле на принцот Филип со заеднички фотографии, а најголемо внимание привлекла фотографијата што ја снимила Кејт Мидлтон.
На фотографијата кралицата Елизабета Втора и принцот Филип позираат опкружени со седумте правнуци. Фотографијата е направена во 2018 година во замокот Балморал.
На фотографијата се принцот Џорџ, принцот Луис, принцезата Шарлот, Миа Тиндал, Лена Тиндал, Ајсла Филипс и Савана Филипс.
„Кејт е толку талентирана за фотографирање, обожавам да ги гледам нејзините слики”, „Слатка фотографија”, напишале обожавателите на кралското семејство.
На официјалниот инстаграм-профил на Палатата, може да се види и уште една, досега непозната за јавноста, семејна фотографија на кралското семејство. На неа се наоѓаат кралицата и принцот Филип со Вилијам и Кејт и нивните деца Џорџ и Шарлот. Фотографијата е направена во 2015 година, три години пред да се роди принцот Луис.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм