ВМРО-ДПМНЕ: Неспособниот Шилегов месец дена не може да ја поправи фонтаната на плоштад

783

Неспособниот Шилегов месец дена не може да ја поправи фонтаната на плоштад, а не пак да направи нешто ново. Имаме среќа што мрзливиот Шилегов наследи среден град со широки улици и булевари, да требаше да чекаме тој да ја проширува „Партизанск“, „Илинденска“ или „Теодосиј Гологанов“, уште ќе се возеше по тесни сообраќајници, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

– Четири години ништо не изгради, се што прави е премачкување со асфалт на новите булевари кои му ги остави ВМРО-ДПМНЕ. Дури и кога ќе се фати да прави нешто, тоа е ливада од 300 квадрати која чини 260.000 евра. Односно со други зборови – „Аман Петре седи, не фаќај ништо кај и да е уште 5 месеци ќе поминат”. Колку е градот запустен говорат улиците кои се полни со ѓубре, дивите депонии кои не ги реши, запуштените паркови кои тој и неговите колеги од СДСМ не ги одржуваат, проблемот со кучуњата и уште десетици проблеми, кои не требаше да бидат проблеми – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини