Министерство за здравство: Во лабораториите има и тестови и реагенси за ковид-19
Од Министерството тврдат дека дневно во змејава може да се прават 4.000 -5.000 тестови за ковид-19 и сите закажувања се реализираат тековно.
Апсолутна лага е дека државните лаборатории немаат реагенси за ПЦР тестови. Апсолутна лага е дека се чека за термин за тестирање. Во земјава дневно може да се прават 4.000 – 5,000 тестови за ковид-19 и сите закажувања се реализираат тековно, а резултатите се објавуваат за најмногу 24 часа, реагира Министерството за здравство на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека во земјава нема доволно реагенси за ПЦР тестови.
Министерството за здравство ја повикува опозицијата да престане да шири паника во јавноста и вознемиреност кај граѓаните.
„Во време на пандемија, ВМРО ДПМНЕ одлучи да биде на страна на лагата, секојдневно да креира лажни сценарија дека во болниците нема кислород, дека здравствените работници на знаат да лекуваат па затоа смртноста е голема, како што тврдат тие. ВМРО ДПМНЕ во време на пандемија одлучи да го опструира процесот на набавка на вакцини, пласирајќи во јавноста фалсификувани документи со невистинити суми лажејќи дека вакцини се набавуваат со провизии. За ВМРО ДПМНЕ небитни се луѓето кои се вакцинираат против ковид-19. Тажно е што и од процесот на имунизација на возрасните граѓани, вработените во критичната инфраструктура, здравствените работници ВМРО ДПМНЕ сака политички да профитира“, стои во реакцијата на Министерството за здравство.