Адвокатка од Србија јавно открила криминалец со македонски пасош уште пред осум месеци ВИДЕО

3,366

Српската адвокатка Зора Добричанин пред осум месеци во емисија на телевизијата Хепи зборува за криминалните кланови со оригинални македонски пасоши.

–Јован Вукотиќ е донесен во Србија од Турција, наводно поради тоа што користел македонски пасош со своја фотографија и друго име. Но, тој пасош беше целосно оригинален. Со вештачење е утврдено дека пасошот е автентичен и никогаш не го користел на територија на Република Србија – вели адвокатката на српската ТВ Хепи.






Во земјава е актуелна аферата „Мафија“ што ја обелодени ВМРО-ДПМНЕ, опозициската апартија која бара одговори од власта и од министерот Оливер Спасовски за издавањето пасоши на криминалци.

Поврзани содржини