Во голема полициска акција денеска е запленета дрога во вредност од 800.000 евра, а приведен е и висок полициски службеник, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.
Акцијата се одвивала во соработка меѓу македонската полиција и Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА.
Засега нема подетални информации.
ОБНОВЕНО
Според неофицијални информации, во акцијата е приведен командир од прилепската полициска станица.
Засега Министерството за внатрешни работи не ги потврдува овие информации.