Српскиот јутјубер шокираше со изјавите за злоставување: Ти си виновна, нема тука не ВИДЕО

2,751

Српскиот јутјубер Никола Јовановиќ, познат како Никса Зизу, шокирал со својат истап за злоставување и силување во програма на телевизија „Хајп“.

Најпрвин во студиото рекол дека мажите првенствено ги гледаат жените како сексуален објект, на што водителките Милица Вуклиш и Јована Андрејиќ се обиделе да му укажат на проблематиката во неговите изјави.






– Не поддржувам насилство, но жени, мора да размислите малку со кого се гледате и зошто се гледате. Немојте да влегувате во автомобил со некој ако ве повика во 22 часот, особено ако е постар од вас, се знаете што тој сака од вас – набројувал јутјуберот.

Водителката потоа му напоменала дека никој нема право некого сексуално да злоставува, дури и ако шета гол на улица, но јутјуберот продолжил по свое.

– Тоа што имате или немате право не значи дека не сте вие виновни. Ако налетате на некоја таква будала која е пијана или дрогирана, а вие шетате полуголи на улица, вие сте винови. Виновни сте вие што сте поминале таму, не е само тој виновен – рекол тој.

„Тука нема не. Треба да знаеш дека си послабиот пол. Испраќаш голи фотографии на маж и доаѓаш кај него дома гола навечер, и ако му кажеш „не“, тоа е многу голем проблем, разбираш? Треба да знаеш што правиш и кај кого одиш, мора да знаеш дека си послабиот пол – инсистирал тој.

Потоа набројувал и дека жените не би требало да им се спротивставуваат на мажите, што се однесува до ставовите.

– Ти треба на мажот да му кажеш – да, за сè си во право – набројувал јутјуберот, после што водителките го напуштиле студиото.

„Ете, така треба, да се извиниш и да излезеш“, продолжил јутјуберот.

Снимката од истапот на јутјуберот се прошири на социјалните мрежи и шокираше многумина.

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини