Познатиот бугарски новинар Георги Коритаров почина од ковид-19

1,584

Еден од најпознатите бугарски новинари кој се залагаше за надминување на спорот меѓу Македонија Бугарија, Георги Коритаров, почина на 61-годишна возраст. Директорот на „ТВ Европа“ Георги Харизанов на Фејсбук објави за смртта на Коритаров.

Конаритаров во понеделникот бил примен во болница после позитивен ковид тест, но за жал ја изгуби битката со коровирусот, пренесуваат бугарските медиуми.






Тој важеше за одличен познавач на македонско-бугарските односи, а Македонија често беше тема во неговата емисија „Слободна Европа“, на бугарската „ТВ Европа“.

 

 

Поврзани содржини