Мицкоски по победата на фудбалерите: Оваа грутка земја раѓала и ќе раѓа херои

За кого, ако не за нашето сѐ, Македонија!!! Поклон до земја шампиони - пишува Мицкоски.

833

Вечерва македонските срца чукаа со нашите фудбалски херои. Оваа грутка земја раѓала и ќе раѓа херои за победи, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук, по победата на македонските фудбалери.

– Покажавте што е пркос и се изборивте за нашата гордост. Црвено жолтата татни. Македонија се сака со дела, со борба, со пркос и верба.






За кого, ако не за нашето сѐ, Македонија!!! Поклон до земја шампиони – пишува Мицкоски.

Поврзани содржини