Магдебург го елиминираше Еурофарм Пелистер од ЕХФ ракометната лига

Битолчани на гостувањето кај бундеслигашот одиграа борбено, подобро отколку во првиот натпревар, но разликата во квалитетот повторно беше потврдена од интернационалците.

264

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги завршија натпреварите во европската ракометна лига откако вечерва во Магдебург беа совладани од истоимената екипа со 35:24 (14:9).

Битолчани на гостувањето кај бундеслигашот одиграа борбено, подобро отколку во првиот натпревар, но разликата во квалитетот повторно беше потврдена од интернационалците на Магдебург кои рутинирано го минаа осминафиналето од ЕХФ ракометната лига.






Најдобри на теренот беа голманите на двете екипи, односно Тулин кој имаше 12 интервенции и Чаневски кој забележа 9 одбрани, а според постигнатите голови вечерва поеднакво се истакнаа Клуге во тимот на Магдебург и Мандалиниќ во тимот на Еурофарм Пелистер затоа што обајцата постигнаа по 7 голови.

Поврзани содржини
na