Ангеловски: Однесувањето на Несторовски е неприфатливо, нема да игра против Германија!

Такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија, соопшти селекторот на македонската фудбалска репрезентација.

921

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, одлучи да не го стави во составот Илија Несторовски, кој синоќа по постигнувањето на голот против Лихтенштајн се упати кон една од камерите и искажа вулгарни зборови.

„Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека откако ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да ѝ го соопштам на јавноста следното: Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија“, соопшти Ангеловски.






Македонскиот национален тим ќе гостува во Германија на 31 март.

Поврзани содржини