Километарски колони за вакцина во Србија

За влез во Србија сѐ уште не се бара негативен ПЦР тест, а процесот на вакцинација вклучително и административната процедура трае во просек дваесетина минути.

1,695

Колони возила денеска чекаа за влез во Србија на повеќето гранични премини за вакцинација против ковид-19 што се организира викендов на Белградскиот саем за странски државјани. Најголема гужва имало на премините од Босна и Херцеговина, како и на премините Хоргош и Шид.

Вакцинација за странци викендов освен во Белград има и во Ниш и во Нови Сад.






Стопанската комора на Србија во соработка со српската влада обезбеди 10.000 вакцини за стопанствениците од регионот. Така, викендов во Србија ќе примат вакцина стопанственици од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, како и од Косово.

Во халата 3 на Белградскиот саем граѓаните можат да се вакцинираат без најава со вакцината на „АстраЗенека“. За влез во Србија сѐ уште не се бара негативен ПЦР тест, а процесот на вакцинација вклучително и административната процедура трае во просек дваесетина минути.

Поврзани содржини