Познато е зошто Канје Вест не ги предал документите за развод со Ким

603

Канје Вест е свесен дека Ким Кардашијан поднела барање за развод од него минатиот месец, но не верува дека е сериозна во врска со тоа.

– Тој не поднел ниту еден документ за развод затоа што сè уште не смета дека таа ќе оди до крај. Тој знае каква е Ким и дека таа вистина не го сака тоа – изјави извор за „Холивуд лајф“.






„Како и да е, и покрај сè, тој не смета дека Ким навистина ќе стави крај на нивниот брак. Канје гледа на тоа како потег во шаховска партија, така што тој не реагирал ниту направил ништо, а засега и не планира“, додава изворот.

Да потсетиме, Ким поднесе барање за развод минатиот месец, неколку дена пред Канје да исели некои од своите работи од нивната заедничка куќа во Калабасас. Ги однел своите 500 пара патики, што сугерира дека не планирал да се врати, а неодамна го сменил бројот на мобилниот и и порачал на Ким дека може да контактира со него само преку обезбедувањето.

Поврзани содржини