ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо лови путер, а власта за 6 месеци склучила договори во четири очи од 11 милиони евра

Срамно е додека Филипче и другите од владата склучуваат договори во четири очи немаме вакцини, народот нема за маски и дезинфициенси, а за тестирање се чека и по неколку дена, за кога болен ќе отиде во болница, човек да се соочи со преполни болници и недостаток на средства, се вели во реакцијата на опозициската партија.

466

На вицепремиерот Љупчо Николовски како путер низ раце му се промакнале низ државните институции 464 договори во четири очи за набавки за кои се потрошени 11 милиони евра, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Додека Љупчо лови расипан путер, министрите и директорите штанцале договори во четири очи. Од тие 11 милиони евра дадени во четири очи, само 2.4 милиони евра биле за набавки поврзани со ковид-19, другите над 9.5 милиони евра за останати работи не поврзани со пандемијата. Доколку ја погледнеме листата на институции кои склучувале договори во четири очи ќе видиме дека први се Клиниката за трауматологија, Министерството за здравство, Здравствениот дом Скопје. Здравството трошело најмногу пари, за договори во четири очи, но само мал дел од парите се потрошени за борбата против пандемијата. На што биле трошени пари во здравството, а во исто време не ги исполнуваме критериумите за помош од ЕУ?! Дали наместо во борба против пандемијата, се распишувале тендери за сè и сешто, само не за средства кои се потребни во борбата против ковид-19?! Срамно е додека Филипче и другите од владата склучуваат договори во четири очи немаме вакцини, народот нема за маски и дезинфициенси, а за тестирање се чека и по неколку дена, за кога болен ќе отиде во болница, човек да се соочи со преполни болници и недостаток на средства“, се вели во реакцијата.

Поврзани содржини