Сојузниците на Навални најавуваат протест со 500.000 луѓе
Организаторите преку соопштение ветија дека протестот ќе биде најмасовен досега во Русија.
Сојузниците на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска повикаа на нов масовен протест низ целата земја со барање за негово ослободување од затвор.
Во соопштение објавено на веб-страницата на Навални, тие ги повикаа Русите да се пријават на протестот на интерактивна мапа и наведоа дека ќе закажат датум за тоа кога бројот на луѓе кои сакаат да учествуваат достигне најмалку 500.000 низ целата земја.
Организаторите преку соопштение ветија дека протестот ќе биде најмасовен досега во Русија.