РСБСП: Не вреди ризикот! Стави појас, за твоја безбедност!

Обврската за користење на сигурносен појас е задолжителна без разлика на тоа дали возилото се движи во населено или надвор од населено место.

226

Сигурносниот појас не влијае на тоа дали ќе се случи одредена сообраќајна незгода или не, но значително влијае на тоа какви ќе бидат последиците од сообраќајните незгоди. Истражувањата на релевантни меѓународни организации покажуваат дека 50 отсто од возачите кои животот го загубиле во сообраќајна незгода, загинале поради тоа што не користеле појас, односно истражувањата покажуваат дека сигурносниот појас го намалува ризикот од фатални последици при сообраќајна незгода дури за 50 отсто.

Возачите и патниците мора да сватат дека користењето на сигурносниот појас е наменето исклучиво за нивна лична безбедност и заштита на нивниот живот и нивното здравје. Токму затоа, РСБСП со потсетување до возачите и патниците за најважните одредби од ЗБСП кои се однесуваат на појасите а кои треба да ги знаат:
• Обврската за користење на сигурносни појаси се однесува на возачот, на сопатниците на предните седишта, но и на сопатниците на задните седишта ( на сите седишта во возилото на кои фабрички се вградени сигурносни појаси).
• Обврската за користење на сигурносен појас е задолжителна без разлика на тоа дали возилото се движи во населено или надвор од населено место.
• Не користењето на сигурносниот појас се санкционира со парична казна наменета исклучиво за лицето кое не користи појас без разлика дали станува збор за возач или патник на предното или задното седиште.
• Возачот којшто не користи сигурносен појас ќе биде санкциониран со парична санкција во висина од 40 евра во денарска противвредност.
• Лицето кое се превезува во возило во кое фабрички се вградени сигурносни појаси е должно за време на возењето да го стави сигурносниот појас без разлика дали се превезува на предното или задното седишта. Санкцијата за непочитување на оваа обврска изнесува 50 евра во денарска противвредност.
• Обврската за користење на сигурносен појас не се однесува на:
– доставувач на стока во прометот, во местото на испорачувањето
– возачи кога со возило се движат со брзина на човечки од, кога се движат наназад и на паркиралишта.






РСБСП со апел до возачите и лицата кои се превезуваат со возило: Почитувајте ги обврските за користење на сигурносен појас. Навистина не вреди да се ризикува затоа што се работи за вашиот живот и вашето здравје. Бидете одговорни, ставајте појас!

Поврзани содржини