Битолчани се познати по своите интересни прекари, а во текот на пандемијата никнаа нови такви надимаци повразни со коронавирусот.
Ви пренесуваме дел од новите, а ќе ве потсетиме и на старите, добро познатите.
Фајзеро – нигде го немало со месеци
Бил Гејцо – го знаел потеклото на вирусот
Менде Чипо – клавале чип во вакцините
Тино Карантино – многу се плашел од заразата
Влатко Часо – им бегал на полицајците за време на полицискиот час
Ели Вакцината – не се плашела од короната
Бонус од постарите:
Распусто – оти е роден на 10 јуни
Лагата – оти има куси нозе
Резило – пошол да си купва патики по влечки и по чорапи
Свиоко – живеел на некоја кривина
Сантимо – за сантим немал два метра висина
Ајкула – оти ко ќе тргал марихуана ајкули му излегвале
Ќошо – оти Ивица се викал
Мутето – Оти мајка му и татко му глувонеми биле
Индексо – прв во цело маало се запишал на факултет
Џогеро – висок, слаб со виткана коса
Ќорио – оти на сите му викаше „кај си Саша“