Карантинот во Србија сѐ уште не дава резултати, кислородот во Арена брзо го снемува

Во моментов 405 пациенти се лекуваат во Арена, а клиничката слика на пациентите станува сѐ потешка од недела во недела.

687

Медицинскиот координатор на ковид-болницата во Арена во Белград, Предраг Богдановиќ, денеска изјави дека построгите мерки во текот на изминатите три викенди не влијаат врз намалување на бројот на новозаболени од ковид-19.

– Тоа сѐ уште не дава резултати, затоа утрово работиме со зголемен интензитет, имаме поголем број приеми и секогаш се бара место повеќе – изјави Богдановиќ за Радио телевизија Србија (РТС).






Тој додаде дека 405 пациенти во моментов се лекуваат во Арена, наведувајќи дека клиничката слика на пациентите станува сѐ потешка од недела во недела.

На прашањето за потрошувачката на кислород во однос на ноември и декември, кога имаше силен бран, тој истакна дека тогаш во Арена имало повеќе луѓе за лекување – околу 500, но сега трошат кислород за два дена, колку што тогаш трошеле за 15 дена.

– Од тоа можете да видите колку е сериозна ситуацијата – нагласи Богдановиќ.

Поврзани содржини