Евровизиската песна „Here I stand“ ќе биде промовирана во Дневник 1 на МТВ!

340

„Here I stand“ е евровизиската песна со која што македонскиот претставник Васил Гарванлиев ќе настапи пеејќи на англиски на 65-тото издание на Евровизија во мај во Ротердам.

„Here I stand“ ќе биде промовирана денеска во Дневник 1 на Македонска ТВ, во 17 часот и 30 минути. Васил ќе биде специјален гостин, а од 18.00 часот песната со видео запис ќе биде достапна онлајн на официјалната Јутуб платформа на Eurovision Song Contest.






„И покрај нашата желба да организираме промоција на евровизиската песна со присуство на новинари, со оглед на околностите во државата, воведување полициски час и зголемен број на заразени од коронавирусот, одлучивме дека сепак е подобро да не организираме собири на кои сите би се изложиле на евентуална опасност и зараза“, соопштија од МРТВ.

Песната е работена според мелодија и текст на самиот Васил, а за аранжманот и продукцијата се погрижија Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

Поврзани содржини