Заев: Владата планира пред влезот во ЕУ да го отвори Уставот, но не и за пописот
Премиерот рече дека граѓаните на пописот имаат опција да изберат како што се чувствуваат.
Изразената волја дека имаме спремност, не само за Бугарите, за Хрватите, Торбешите, Египќаните, Австријците, Романците и други кои и да ги имаме во државата од помалубројните етнички заедници, како отворено општество, европска земја, ќе го следиме примерот на европските земји, изјави премиерот Зоран Заев прашан за став околу изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи која рече дека ако треба ќе се измени и Уставот за да влезат Бугарите во преамбулата.
– Став на Владата е дека пред влезот во ЕУ ние мора да го отвориме Уставот. Една од причините се токму и помалубројните заедници, кои се присутни и живеат овде и треба да се внесат. Тоа го направи Хрватска, непосредно пред влезот. Имаме години пред нас за тоа – рече Заев.
Но, кога се однесува на пописот има кодна листа на графи и ќе можат да се попишат.Тој информира дека имал средба и со Торбешите кои живает во различни делови од државата околу нивнот оизјацнување на пописот.
– Не ни треба во моментот какво било уставно надополнување за секој граѓанин, како се чувствува етнички така да се изјасни во рамки на пописот. Тоа е слободно. Секој може недвосмислено, прецизно, јасно да си каже на која етничка заедница припаѓа или доколку припаѓа на некоја верска група да се изјасни дека припаѓа на таа верска заедница или ја практикува таа вера – рече Заев.