Го играше „Лебедово езеро“ на -15, сè околу неа е во снег и мраз (ВИДЕО)
Според „ВВС“, тоа е руската балерина Илмира Баграутинова која играше во замрзнатиот дел од Финскиот Залив.
Руската балерина од светски познатиот театар „Марински“ настапи надвор, изведувајќи сцена од „Лебедово езеро“ од Чајковски на мраз и на температура од -15 степени Целзиусови.
Според „ВВС“, тоа е руската балерина Илмира Баграутинова која играше во замрзнатиот дел од Финскиот Залив.
Според светските медиуми, нејзиниот настап всушност бил начин да се искаже спротивставување на изградбата на популарна плажа во близина на пристаништето во заливот Батарејанаја, а која се наоѓа на околу 100 километри западно од Санкт Петербург.