ВМРО-ДПМНЕ: Со Спасовски и Заев Скопје стана Бејрут наместо Брисел

Од опозициската партија се сомневаат дека министерот за внатрешни работи е во спрега со мафијата која убива низ Скопје бидејќи најголемиот дел од убиствата се нарасчистени.

383

Убиства со калашников на сред улица станаа секојдневие. Двократното убиство од утринава само го потврдува тоа. Со Зоран Заев и Оливер Спасовски Скопје стана небезбеден град. Наместо Брисел, Спасовски и Заев го донесоа Бејрут во Скопје, реагира ВМРО-ДПМНЕ на честите нерасчистени убиства во Скопје.

Од партијата се сомневаат дека министерот за внатрешни работи е во спрега со мафијата која убива низ Скопје бидејќи најголемиот дел од убиствата се нарасчистени.






– Двајца се буквално изрешетани со калашников, а полицијата не само што ги нема фатено, туку и не знае за убијците. Убиството од утрово е по ист рецепт како убиството на Рузвелтова, кога исто така беа убиени двајца  од друго возило во движење. И тој случај, како и овој од утрово е нерасчистен. Спасовски не ги знае убијците и тие се на слобода, и можат да го повторат делото – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, во последните 4 години додека е Спасовски министер, ова е едно од десетина убиства, за кои не се знае ништо, а убијците се на слобода.

– Спасовски да каже како може некој да поседува калашников, а полицијата затоа да не знае. Дали граѓаните се безбедни и како тој тоа го гарантира, кога секој криминалец почна во кола да носи калашников? Спасовски и политичкиот дел од полицијата станаа главни заштитници на криминалот. Нема друг одговор освен сојуз помеѓу мафијата и Спасовски. Тој  свесно ги дозволува мафијашките дивеења. Додека мафијата дивее, народот е уплашен – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата најавува одговорност на  Спасовски и сите заштитници на криминалот.

 

Поврзани содржини