Од 8 март можно е ублажување на мерките во Германија
Според одлуката, до која веќе дојдоа западните агенции, од Празникот на жената ќе бидат овозможени контакти меѓу „две домаќинства“, како и собирање на најмногу пет лица, не сметајќи ги децата.
Германската канцеларка Ангела Меркел на утрешната нова средба со премиерите на 16-те германски покраини, ќе предложи од 8 март да се ублажат ограничувањата за социјални контакти во земјата, се наведува во предлог одлуката што ќе им биде понудена на разгледување и усвојување на шефовите на германските региони.
Според одлуката, до која веќе дојдоа западните агенции, од Празникот на жената ќе бидат овозможени контакти меѓу „две домаќинства“, како и собирање на најмногу пет лица, не сметајќи ги децата.
Во последните неколку недели во Германија повторно беа отворени фризерските салони и училиштата, и покрај стравувањата кај здравствените власти од трет бран на коронавирусот.
На утрешниот состанок се очекува да биде продолжено важењето на повеќето мерки што се во сила веќе четири месеци, како затворените ресторани, барови, музеи и спортски сали, а рокот им е до 28 март.
Германските власти особено се плашат од новите мутации на коронавирусот што многу брзо се шират низ Европа и нивната земја.