Кире Лазаров е ново заштитно лице на Државната видеолотарија

Од неодамна, тој има нов предизвик, стана селектор на македонската репрезентација, а првиот настап на новата функција ќе го има на 11 март против Данска во Скопје.

542

Ново заштитно лице на Државната видеолотарија е најдобриот ракометен десен бек на светот, Кирил Лазаров.

– Задоволство ми е што можам да кажам дека сум ново лице на Државна видеолотарија, се надевам на долга соработка. Секој што се посветува на спортот и што вложува во него заслужува почит и е за поздравување, бидејќи спортот е неизбежен и важен дел од нашето живеење. Јас откако знам за себе тоа е мојот начин на живот и затоа им препорачувам, пред сè, на младите да се занимаваат, макар рекреативно или, ако ништо друго, да следат спорт. Спортот е пред сè забава, но нè учи и на дисциплина и на одговорност, а тоа се вредности кои ги промовира и мојот нов партнер, Државна видеолотарија – истакна Лазаров.






Од неодамна, тој има нов предизвик, стана селектор на македонската репрезентација, а првиот настап на новата функција ќе го има на 11 март против Данска во Скопје. Лазаров најави дека почнува една нова епизода не само во својата кариера, туку во македонскиот ракомет.

– Функција со многу одговорност. Свесен сум за тоа и со многу волја желба и ентузијазам влегувам во овој нов предизвик за мене. Со Македонската ракометна репрезентација сме во „брак“ повеќе од 20 години. Се спремам веќе подолго време за тренерската работа, сакам предизвик во животот. Има многу работа пред нас. Менуваме генерација, а сакаме да останеме на големата сцена. Имам идеја, тоа е најважно. Ќе го направиме тоа да биде побезболно, ќе имаме препознатлива ракометна репрезентација со свој идентитет. Едвај го чекам првиот собир – рече Лазаров.

Под слоганот „Играј за забава, играј одговорно“, Државна видеолотарија го гради идентитетот на корпоративниот бренд кој се темели на сигурност, контрола, квалитет и безбедност во светот на игрите на среќа. Како модерна и одговорна компанија ќе продолжиме да ги негуваме заложбите за поддршка на спортот, во насока на поттикнување на младите да го изберат спортот како свој личен и професионален предизвик, наведуваат од компанијата.

 

Поврзани содржини