ВО ЖИВО Роднините на обвинетите во „Монструм“ излегоа на протест, блокирани се неколку улици во Скопје (ВИДЕО)
Протестот започна во паркот Чаир на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1 на бул. „Гоце Делчев“, до Собраниетом, како и до зградата на Владата. Во главниот град е забележано големо полициско обезбедување.
Роднините на обвинетите за масакрот кај Смилковско Езеро штотуку излегоа на протест поради тоа што не се согласуваат со изречените казни во случајот „Монструм“.
Протестот започна во паркот Чаир на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1 на бул. „Гоце Делчев“, до Собраниетом, како и до зградата на Владата. Во главниот град е забележано големо полициско обезбедување.
Пресуда доаѓа по 9 години од убиствата кај Смилковско Езеро. Имаше повторено судење, со исто обвинение за тероризам и помагање и истите обвинети. Алил Демири и Африм и Агим Исмаиловиќ се осудени на доживотен затвор за убиство на Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски, момчиња на возраст од 18 до 21 година и 45-годишниот Борче Стефановски, кој пред да биде убиен рибарел на езерото.
Веднаш по соопштувањето на пресудата, роднините на обвинетите најавија дека ќе излезат на масовен протест, бидејќи, како што рекоа дел од нив, ова е еден вид војна.
Убиствата се случија на 12 април 2012 на Велики Четврток.