Русковска: Олеснителна околност е што Мијалков сам се пријави

Во однос на повлекувањето на жалбата за затворски, наместо куќен притвор Русковска објасни дека тоа е сторено за да не се губи време.

967

Искрено, се радувам што обвинетиот Сашо Мијалков реши сам да се пријави, вели обвинителката Вилма Русковска која вечерва појасни дека Мијалков преку посредници побарал да се пријави токму во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

– Откако е дојден беше обезбедуван од истражителите кои што се во Обвинителството за организиран криминал и корупција – рече Русковска.






Во однос на повлекувањето на жалбата за затворски, наместо куќен притвор Русковска објасни дека тоа е сторено за да не се губи време.

– Колку што имам сознанија разговарале на таа тема со јавниот обвинител, Љубомир Јовески. Истиот се согласил. Од тие причини е повлечена жалбата – рече Русковска, додавајќи дека сепак ќе се размислува дали да се побара затворски притвор.

– Олеснителна околност е што самиот се пријави – рече Русковска.

За тврдењето на Мијалков дека бил болен и дека дури утринава дознал оти се трага по него обвинителката рече:

-Јас не се видов со Мијалков и не знам како делува, дали е болен или не. Единствено се видов со едниот негов адвокат. Навистина не знам каде бил – рече Русковска.

Поврзани содржини